Кресида Дик – шефицата на полицијата во Лондон поднесе оставка откако градоначалникот Садик Кан изјави дека не е задоволен од нејзината реакција на барањето да се направат промени во полициските сили со цел да се искорени расизмот, сексизмот и другите проблеми во полицијата.
Довербата во лондонската полиција во изминатите години е разнишана поради различни настани, како киднапирање, силување и убиство на жена, но и поради малтретирање, расна дискриминација и мизогинија во централната полициска станица во Лондон.
Градоначалникот стакна дека јасно и кажал на шефицата на лондонската полиција дека промените се итно потребни за да се врати довербата на граѓаните во полицијата и да се искорени расизмот, сексизмот, хомофобијата, вознемирувањето, дискриминацијата и мизогинијата.