На министерот за правда Кренал Лога му е мило што бизнисменот Орце Камчев се најде на „црната листа“ на САД.
-Она што му се случи на господинот Камчев беше очекувано, но, всушност, правосудните органи во Македонија не го гледаат тоа, господинот Камчев е еден од главните спонзори за уништување на СЈО и неговото име се поврзува со многу други проблеми во државата денес. Мило ми е што се најде на „црната листа“ на САД, но многу ми е жал за судскиот систем во Македонија, не го видоа и продолжуваат да не го гледаат на начин на кој очекува обичниот граѓанин, рече Лога.
Ова и уште неколку други прашања Лога ги одговори на албански, а на медиумите што поставуваа прашања на македонски јазик им кажа дека не сака да зборува надвор од темата на настанот за отворање на канцеларија за бесплатна правна помош во Боговиње, откако одговори на само едно прашање.