Голема полициска акција во Скопје, се апсат високи функционери на ДУИ

Министерството за внатрешни работи утрово извршиле претреси на повеќе локации во државата, при што има уапсени повеќе лица. Неофицијално меѓу уапсените се и членови и високи функционери на владеачката ДУИ.

Како што дознава „Локално“, меѓу приведените има и даночни инспектори и бизнисмени.

Едно од имињата кое се спомнува дека е уапсено е и Исмет Гури од ДУИ, кој пред неколку дена доби затворска казна од 3 години и 6 месеци за случајот „Титаник 3“ за манипулација со изборни резултати на локалните избори во 2013 година во Чаир.

Според пресудата и Гури со неколку други лица, кои беа сведоци во судскиот процес, по гласањето за градоначалник во првиот круг во записниците од повеќе избирачки места го менувале бројот на гласови на тој начин што на кандидатот на ДУИ му додавале гласови, а на тој од ВМРО-ДПМНЕ во најголем дел од случаите одземале. Намалувале гласови и на кандидатот на ДПА.

Од МВР за 24 инфо потврдуваат дека во тек се претреси во координација со ОЈО ГОКК, а за детали околу кривичните дела на оваа организирана криминална група и приведените лица ќе информираат во текот на денот.