МЗ информира дека во последните 24 часа направени се 3.824 тестови, а регистрирани се 1.409 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 783, Битола – 76, Куманово – 67, Кавадарци – 55, Тетово – 50, Велес – 45, Прилеп и Гостивар – по 42, Струмица и Неготино – по 30, Гевгелија – 24…
Од вкупниот број на позитивни (1.409), регистрирани се 206 реинфекции.
Регистрирани сe 1.455 оздравени пациенти од: Скопје – 298, Битола – 129, Кавадарци – 123, Куманово – 112, Тетово – 98, Гостивар – 77, Велес – 76, Прилеп – 72, Струмица – 51, Валандово – 42, Неготино – 40, Штип – 39, Охрид – 37…
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 18 починати лица: 5 починати лица од Скопје (64г, 69г, 70г, 74г и 81г), по 3 лица од Штип (78г, 86г и 90г) и Охрид (54г, 78г и 79г), 2 лица од Куманово (75г и 81г) и по едно лице од Гостивар (71г), Велес (74г), Делчево (80г), Кочани (77г) и Неготино (81г). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 10 починати лица, Куманово (3), Скопје (3), Струмица (3) и Берово (1).
Починатите се на возраст од 40г до 89г. Од пријавените лица 4 лица се починати во болнички услови и 6 лица се починати во домашни услови.
Пријавените лица се починати во период од 31.01.2021 – 07.02.2022г.
Бројот на починати е 8.686, а бројот на активни случаи изнесува 11.665.