Штрајк на професори и ученици во Брисел

Професори, ученици, административен и технички персонал, околу 10.000 луѓе излегоа денеска на улиците во Брисел во знак на протест против условите во франкофонското образование во Белгија.

Демонстрантите излегоа на улица да го искажат својот гнев поради антиковид мерките во училиштата, условите за работа за вработените и реформите во образованието.

На наставниците пред Министерството за образование им се придружија и самите ученици, како и административниот и техничкиот кадар од училиштата.

Наставниците се жалат дека политичарите ги нарекуваат „суштински“ сегмент на општеството, без притоа да ги конкретизираат тие изјави со мерки и поддршка.

На транспарентите на протестот учениците и наставниците пишуваа меѓу другото „помалку презир, повеќе средства“, „што е многу, многу е“, „образованието не е претпријатие“.

Министерката за образование прими синдикална делегација на средба за време на протестот, но наставниците оттаму излегоа разочарани.