С. Македонија веќе не е во „хибриден режим“, сега има „демократија со недостатоци“

С. Македонија е во групата на „демократии со недостатоци“ на Индексот на демократијата 2021, на Истражувачката група на „Економист“, напредувајќи 5 места во однос на минатата година кога беше оценета како „хибриден режим“.

Земјава годинава е рангирана на 73 позиција, со вкупна оценка од 6.03.

Според критериумите по кои се врши рангирањето, С.Македонија во четири од вкупно пет категории има оценки над просечната од 6.03. Најдобра е во делот на изборен процес и плурализам – 7.42, а најлоша е во политичка култура – 3.13.

Функционирањето на Владата е оценето со 6.43, политичкото учество – 6.11 и граѓански слободи – 7.06.

Индексот на демократијата на Економист се објавува од 2006 година и дава брз преглед за состојбата со демократијата во 165 независни земји и две територии.

Северна Македонија највисока оценка имала во 2006 – 6.33, а најниска во 2015 година – 5.23.