Коалицијата СДСМ-ДУИ не е загрозена поради рудникот Иловица, смета министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.
Таа вели дека Владата има консензус околу генералните политики и важноста на земјоделството за државата. Потврди дека на утрешната владина седница ќе се преиспитува одлуката за спојување на концесиите за рудникот и го повтори ставот дека се против отворање на рудници.
И министерот за земјоделство, Љупчо Николовски вели дека го дели ставот на мнозинството граѓани. Тој дури на новинарите се обидуваше да им објасни дека ниту една одлука што се однесува на рудникот кај Иловица не е поврзана со министерството за земјоделство.
Утре министерот за економија ќе мора да им образложи на колегите во Владата, зошто точката за спојување на двете концесии е ставена како дополнителна и воопшто е изгласана, кога управниот суд не донел таква одлука.