(Видео) Петровска: Уставните измени со ништо не го загрозуваат нашиот национален идентитет

За тековниот самит на НАТО алијансата, следните чекори за војската и армијата, уставните измени, но и сите актуелни политички прашање во „Трилинг“ вечерва разговаравме со министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

На прашање дали постојат безбедносни ризици во однос на руско-украинскиот конфликт, министерката вели дека многумина го потцениле украинскиот народ мислејќи дека за 1-2 дена ќе заврши конфликтот, но Украина поддржана од Западот веќе 17 месеци храбро се бори да ја зачува својата територија.

Во однос на руското влијание на Балканот, Петровска е децидна дека процесите се јасни. Според неа, процесот е јасен, а ориентацијата на земјите на Балканот е насочено кон ЕУ и НАТО. Таа се осврна на руското влијание кое било присутно претходниот период во Северна Македонија.

Да, сведоци бевме особено изминатиот период во Република Северна Македонија иако сме членка на Алијансата, обиди за хибридни дејствувања, за влијанија низ различни сфери на интереси да бидеме поколебани да го продолжиме нашиот пат кон европскиот пат на интеграција на државата или да евентуално да се поколебани затоа што сме членка на НАТО Алијансата, вели Славјанка Петровска за вечерашното издание на „Трилинг“.

Министерката Славјанка Петровски ги најави следните чекори на Одбраната на нашата држава.

Трансформацијата на одбраната на Република Северна Македонија е започната уште пред нашето формално пристапување во НАТО Алијансата, меѓутоа се разбира дадени се одредени рокови и исполнување на т.н. цели на Одбраната кои треба да бидат постигнати соодветно во 2026-та, некои подоцна, некои малку порано. 

За да имате успешно одбрана мора да имате добро планирање, продолжува министерката Петрвска и додава дека во Министерството има одлични професионалци.

Тој процес оди навистина добро, затоа што и во Министерството и во Армијата совршено добри професионалци, продолжува Петровска.

Министерката се осврна и на Буџетот на Армијата кој според неа е многу важен, а вели дека акцент треба да се стави на човечките ресурси.

Околу јазикот на кој се зборува, министерката вели дека се зборува на македонски јазик, а дека најважно е што војниците се обединети за нивната главна задача – одбраната и гарантирањето на нашата државност.

На крајот од емисијата, министерката даде свој коментар и за уставните измени.

За да се прифатат или да се одобрат уставните измени потребно е само едно – лидерство и визионерство. Во 2018-та не беше лесно тогашната влада и тогашното парламентарно мнозинство да го промени уставот со цел наше пристапување кон НАТО Алијансата. Не е прашњето, нема никој од нас, особено ние што сме на некои функции, нема да останеме запаметени ако повторуваме дека ЕУ е наш приоритет, туку ќе останеме запаметени по тоа што сме направиле за да станеме членка на ЕУ, вели Петровска за „Трилинг“.

Уставните измени со ништо не го загрозуваат нашиот национален идентитет, завршува таа и ја прашува опозицијата што е спорно во Уставните измени во однос на нашиот идентитет. За крајот, таа вели е погрешно што опозицијата пробува да добие политички поени во однос на ова прашање.