Дерковски и тројца вработени од ДИК ослободени од вина за набавката на софтверот за изборни резултати

Поранешниот претседател на ДИК, Оливер Дерковски и тројца вработени се ослободени од вина за набавката на софтверот за изборни резултати. Според пресудата, обвинителеството не докажало дека обвинетите ја прекршиле постапката за јавни набавки. Напротив, според судот, одбирајќи ја понудата на компанијата ДУНА за набавка на софтверот, обвинетите го заштитиле државниот буџет.

Според обвинението постапката била повторена, со умисла друга фирма да го добие тендерот, а буџетот бил оштетен за 21 илјада евра.

Набавката на софтверот за изборни резултатите беше актуелна на денот на парламентарните избори 2020 година, кога за време на објавувањето на резултатите падна веб страницата  и апликацијата на ДИК.