Конфликтот во Украина ќе заврши веднаш штом тоа го посакаат САД, бидејќи Украина го загуби својот суверенитет, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Мирот ќе завладее веднаш ако тоа го сакаат Американците. А зошто Американците не го сакаат тоа, тоа е прашањето за кое размислува целиот свет. Украина всушност го загуби својот суверенитет – нема пари, нема воена индустрија, нема сопствен воен производствен капацитет. Украина добива пари главно од САД, воени ресурси и од Американците и Западот“, истакнува Орбан.
Како што додава, ако во Вашингтон рекле дека сакаат мир, кога повикувале на прекин на огнот и преговори, „тоа би се случило следното утро“.
„Ниту на самитот на НАТО не добивме одговор зошто Американците не го сакаат тоа“, изјави Орбан за радио „Кошут“.
Претходно, Орган рече дека мирот во Украина може да се постигне само по преговорите меѓу Русија и САД, а Европа ја пропушти шансата да биде посредник бидејќи не успеа да обезбеди спроведување на договорите од Минск.