Наќе Георгиев – единствениот кандидат од редовите на Врховните судии кој беше избран за член на Судскиот совет во анкетниот лист до Државната комисија за спречување на корупцијата доставил дека како личен имот поседува земјоделско земјиште од 12 декари, две куќи во Струмица од кои едната од 300 м2 во вредност од 2.016.000,00 денари, а другата во доградба.
Според анкетниот лист, Георгиев пријавил имот на неговата сопруга и на неговите деца.
На име на сопругата е пријавен стан во Струмица, а на име на неговите деца се пријавени три возила „ауди“ и стан во Скопје.
Антоанета Димовска – кандидатката меѓу судиите од скопското Апелационо подрачје, во анкетниот лист доставен до ДКСК пријавила личен имот во Скопје од 716 м2 во вредност од 859.200 денари, куќа во Скопје во вредност од 53.000 евра, автомобил „шкода октавиа“ во вредност од 894.117 денари.
Таа пријавила дека има кредит во вредност од 53.000 евра, уште еден кредит за кој нема податок дали е личен, во вредност од 610.000 денари. Димовска пријавила и прилив на средства што ги добила од продажба на стан во вредност од 3.362.421 денари.
Како заеднички имот пријавила дека поседува стан во Скопје од 55м2, во вредност 1.000.000 денари и возило „шкода фелиција“.