Челси се заинтересирани за Нејмар, ќе следува сериозна понуда!

Екипата на Челси е подготвен да ја испрати првата понуда до ПСЖ за услугите на Бразилецот Нејмар, пренесува „Ле Паризиен“.

Бразилецот е незадоволен во Париз и сака да си замине, но клубот се уште не одлучил што со него.

Сепак, би можел да ја прифати понудата од Челси ако се знае дека Англичаните се навистина сериозни во желбата да го доведат во своите редови.

Нејмар за ПСЖ одигра 173 натпревари со ефект од 118 погодоци и 77 асистенции. Под договор е до јуни 2025 година.