Пентагон соопшти – Русија продолжи да испраќа дополнителни војници на украинско-белоруската граница.
„Русија ги зголемува своите опции и потенцијал за акција со секој изминат ден“ – изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби на прес-конференција.
Големите руски воени вежби во Белорусија придонесуваат за ескалација на тензиите околу Украина, соопштија вчера од Белата куќа.
„Додека ги набљудуваме подготовките за овие воени вежби, повторуваме дека тоа секако придонесува за ескалација, а не за деескалација“ – рече портпаролката на Белата куќа, Џен Саки.
Таа се осврна на маневрите „Сојузничка решителност-2022“, кои НАТО ги опиша како најголемо распоредување на руски војници во Белорусија од крајот на Студената војна.
Вежбите се очекува да започнат денеска.
Според американските власти, околу 1.000 војници на НАТО ќе бидат испратени во Романија.
Велика Британија вети дека ќе испрати уште 350 војници во Полска, а веќе е испратено противтенковско оружје во Украина.