„Власта бега од предвремени избори и не знае како да бега од истите, па измислува теми. Малите партии се изманипулирани и тоа веќе го сфаќаат. Денес излезе и Павле Трајанов и рече дека СДСМ во Собрание блокира носење на една изборна единица. А Павле Трајанов и помалите партии влегоа во владата затоа што им беше ветено дека ќе добијат една изборна единица и ние сакавме да ги извадиме на виделина дека не им е до една изборна единица, туку до голо останување на власт“. Ова го изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Александар Николоски.
Тој за тв Шења изјави дека поради изговорите на власта дека Македонија нема време за губење за 100 дена Пржинска влада за организирање избори, тие предлагаат негово укинување со цел кратење на периодот за пола. Додава дека ако СДСМ се согласеше да одиме на предвремени парламентарни избори веднаш после локалните, до сега и изборите ќе беа организирани и ќе имавме веќе формирано влада со полн политички легитимитет.
„Нивните изговори беа дека, Македонија нема време за избори затоа што 100 дена се потребни за така наречена, Пржинска влада и дека изборниот законик не е променет. Во однос на тој аргумент дека се потребни 100 дена ние, од опозиција, се откажуваме доброволно од механизмите на техничката Влада, што значи не сакаме да име министер за внатрешни работи и за труд и социјала во рок на тие сто дена пред избори. Еве нека си биде Оливер Спасовски министер за внатрешни и тој нека ги организира изборите и рокот тогаш од 100 дена се сведува на уставните 45 до 50, што значи го кратиме за пола. Доколку се распише изборите веднаш после локалните како што баравме, во декември ќе беа организирани и до сега ќе имавме влада со полн политички легитимитет. И сега гледаме дека бегаат до таа работа иако Зоран Заев самиот бараше да се укине Пржинската влада“ – рече Николоски.