Каевски: Со кочењето и блокадите Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ работат против ЕУ и НАТО

Членството во НАТО обезбеди и поддршка за справување со хибридните закани, за јакнење на нашата Армија, но позитивно влијае и во делот на економијата. Обезбедената стабилност и вистинските политики на СДСМ допринесоа да имаме рекорден износ од 750 милиони евра директни странски инвестиции минатата година. Нашите граѓани заслужуваат да бидат дел од ЕУ а обврска на партиите е да им го овозможат тоа без политички калкулации, рече денеска на прес-конференција Дарко Каевски од СДСМ.

Тој напомена дека „кочењето на ДПМНЕ, она кое што го прават во Собранието во однос на блокадите на реформите и во однос на несоработката за стратешки важни прашања како членството во Унијата е директно и активно работење против ЕУ и НАТО“.

„Мицкоски и ДПМНЕ работат против интересот на земјата и одработуваат за туѓи интереси, за земји кои не сакаат да ја видат Македонија во ЕУ. Мицкоски има право да се самоизолира, но нема право да ја изолира државата. Македонија нема време за губење, граѓаните немаат нови години за губење“ – вели Каевски.