Во последните 24 часа регистрирани се 1.554 нови случаи на Ковид-19, од кои 216 се реинфекции.
Оздравени се 1.843 пациенти, а пријавени се 34 починати лица, информираше попладнево Министерството за здравство.
Повеќе од половина од новозаразените се во Скопје – 825.
Само во последните 24 часа регистрирани се 22 починати лица, а според регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ пријавени се дополнително уште 12 лица во периодот од 31 јануари до 6 февруари.
Од вкупно починатите 34 лица, 18 се целосно вакцинирани, а кај 33 лица се регистрирани коморбидитети.
Бројот на починати е 8.658, а бројот на активни случаи изнесува 11.748.