Со асистенција на полицијата, вечерва камионите од ЈП „Комунална хигиена” во Скопје конечно излегоа на улица да собираат ѓубре. Претседателот на синдикатот кажа дека во протестот се повредени тројца работници. Вработените кажаа дека полицијата привела 4 работници, пренесе СДК.
Вработените кои протестираат во дворот на претпријатието не дозоволуваа камионите да излезат, лежеа на земја и се буткаа со полицајците. Началникот на полицијата најпрво ги убедуваше вработените да се тргнат и да направат пат, но тие не го слушаа. Потоа, им рече дека секој што ќе попречи полицаец во обезбедувањето на камионите ќе биде приведен.
Потоа дојде до буткање и кошкање меѓу вработените и полицијата, но беше избегнат поголем инцидент. Патот беше пробиен и камионите излегоа.
Во претпријатието беше и директорката Косана Мазнева-Николиќ која бараше вработените да влезат во камионите и да работат, а вработените извикуваа ‘оставка, оставка‘.
Во Скопје за прв пат во неговата историја ѓубрето не се собра два дена поради протести на вработените кои се незадоволни од раководството на претпријатието.
View this post on Instagram