Трагедија во Албанија: Татко и два сина се удавиле во Јадранско море

Тешката трагедија се случи на плажа во албанското летовалиште Каваја. Татко и неговите двајца малолетни синови се удавиле во морето, јавуваат албанските медиуми.

Според првите информации, 50-годишниот татко влегол во морето заедно со неговите два сина на возраст од 13, односно 15 години. Сведоци велат дека на брегот излегло мртвото тело на таткото, додека двете малолетни биле извадени со знаци на живот. Била веднаш повикана Брзата Помош, но таа доцнела час и половина, што било фатално за двете деца да го загубат животот.

Плажата на која се случила трагедијата се вика Виле Баштова и е посебна област во Каваја, а придружната инфраструктура, како што е крајбрежната стража или амбулантата во близина на плажата, недостасува. А граѓаните знаат дека тука има силни морски струи.

Истражната екипа е на местото на настанот и работи на целосно расчистување на околностите на настанот.