Скопје се гуши во ѓубре. Најалармантно е должд улицата Партизански одреди каде контејнерите се полни со отпад, а во недостиг на простор, остатоците се расфрални и наоколу.
Слична е состојбата и во населбите Ѓорче Петров и Аеродром каде „Макфакс“ направи обиколка.
Смрдеата се шири и го загрозува здравјето на граѓаните, а состојбата дополнително ја отежнува и топлото време викендов што го зафати Скопје. Жителите на скопските општини се жалат.
Комуналците бојкотираат и не го собираат отпадот откако директорката Косана Мазнева не им го продолжи договорот на стотина лица, за кои тврди дека 20 години земале плата, а не оделе на работа. Вработените во Јавното претријатие синоќа се собраа на протест пред дирекцијата од каде на Мазнева и’ порачаа дека бараат да им ги врати колегите и да им ги покачи платите за 50 отсто. Во жестока дискусија пред дирекцијата, Мазнева им вети К15 и порача дека законите мора да функционираат за сите.
Преговорите помеѓу директорката Мазнева и вработените продолжуваат од понеделник.