
Се сеќавам, имаше еден скеч со Mr. Bean.
Во црква се одвива миса и за време на пеењето, во моментот кога доаѓа рефренот тој громогласно се дере нагласувајќи го зборот „Алелуја“. Ги надвикува сите, за да го забележат дека е певац јак, додека, за останатиот дел од текстот на песната тивко си мрмори, се преправа демек пее; врска нема што изговара… битно учествува… а што се брука, нема везе.
Оваа сцена страшно многу ме асоцира на тоа како пеат и во ВМРО-ДПМНЕ.
Толку се гласни например во „ДЕТЕКТИРАЊЕ“ на криминали на секој чекор и во секоја ситуација,што пиштат – вриштат на ниво на примален крик за да од нивна страна утврдени кривични дела – само они ги препознаваат во милисекунда, но, никогаш во врска со тоа немаат ниту една поднесена кривична пријава поткрепена од нивните детективски активности!
Или ако има по некоја, таа е тотално промашена – како на пр. онаа против Џабир Дерала.
Дојдат ли до микрофон – готово ! – го крадат подиумот и следи рафал од „криминална стигматизација” на се живо и диво што не е „од нивна”– од ВМРО.
И се е така гласно и јасно кога си праиме бајрам на паметот, па си претпоставуваме, си преувеличуваме, си измислуваме. Исто и како Mr. Bean кога се дере на зборот „Алелуја”. Но, штом се судрат со реалноста, почнува мрморењето, муц – туц, дткање, и пази богати: процесот против Тодоровиќ бил притисок заради уставни измени??? Па било освета ???
Господе боже…каков епски прес од вемерото…
За Ск 2014 и врапците на гранките знаат дека беше пералница на пари од најдолен вид. И фала богу што конечно некој се зафати да го прочешла! Во спротивно ќе мислевме дека има дил. Сега гледаме дека немало.
Но во Дпмне, мислам време е да не се занесувате до толку со алелујата, зашто 8 години чекаме еднаш барем тивко да шепнете и да ги осудите криминалците кои не покрадоа во секој смисол и материјално и духовно, и всушност голем дел од животот ни покрадоа! Наспроти тоа, како повтарачки папагали репетирате нон стоп едно те исто: корупција и криминал, тоа па тоа; а како киша око Крагуевац го заобиколувате ОЈО. Па пратете ги тие детективски сознанија до соодветната институцаија … аман.
Или, со вашето негирање на обвиненијата кои верувам дека се поткрепени со доволно докази, затоа што е покрената законска постапка против истите, дефинитивно само ни најавува со какви намери сте и кои се основните ваши мотиви – ВМРО-ДПМНЕ: да владеете и тоа во екстремно затворен свет, авторитарен, лукративен, исклучувачки и назаден.
ОЈО многу убаво си образложи, дотолку повеќе што укажа и на меѓународна правна помош за конкретниот случај, што претпоставувам со оглед на обемот на пљачката бара и подолга и поопсежна анализа
И сета оваа мегафонска реторика, е само за фотељче, и врска нема со иднината на државната.
Видовме колку Ви значат вредностите кои ги „БРАНИТЕ” и законитоста и правдата (случајот Кежаровски), и медиумски слободи (Латасовиќ и компанија) и човековите права и слободи (Бате Саше и компанија) и владеењето со државата (Грујо и компанија), националните интереси и јазикот (Хер Флик и компанија) и да не набројувам понатаму во искривените лажни вредности за off shore идеите на (Лигња и и компанија).
Осет немате ни за држава, ни за иднина.