Јанев: Ситуацијата во Украина е директна закана за безбедноста на Бугарија

Стефан Јанев – министерот за одбрана на Бугарија изјави дека денеска регионот се соочува со најголемата криза од Студената војна и дека тоа што се случува во Украина директно ја загрозува безбедноста на државата. Според него, трендот на промена на рамнотежата во Црното Море продолжува.

„Анализите на бугарското Министерство за одбрана покажуваат сериозни дефицити во нашите вооружени сили“ вели Јанев.

Тој посочи дека има пет приоритети, од кои некои вклучуваат модернизација на вооружените сили и дека ќе се направи се за да се доведат трошоците за одбрана до 2 отсто од БДП до 2024 година.