13 милиони луѓе во Африка се соочуваат со глад

Околу 13 милиони луѓе во Кенија, Сомалија и Етиопија страдаат од глад, во регионот погоден од најтешката суша во последните децении.

Агенцијата на ОН соопштија дека посевите се уништени поради сушата и дека голем број животни угинале, поради што семејствата од руралните средини ги напуштат своите домови.

„Водата и пасиштата се дефицитарни, а метеоролозите предвидуваат дека врнежите ќе бидат под годишниот просек во наредните месеци, што ќе придонесе за влошување на ситуацијата“ – изјавил регионалниот директор на Светската програма за храна – Мајкл Данфорд.

ОН наведува дека е потребна итна хуманитарна акција за да се избегне криза како таа во Сомалија во 2011 година, кога 250.000 луѓе умреа од глад.

И климатските промени влијаат на зачестеноста на екстремните временски услови, а најпогодена е Африка.