Министерот за здравство на Романија д-р Александру Рафила вели дека случаите на Ковид-19 во земјата се петпати повеќе од официјалната статистика.
Официјалните податоци во Романија покажуваат дека се заразени над 2 милиона лица со новиот коронавирус, од почетокот на пандемијата.
Сепак, министерот за здравство изјави за локална телевизија дека според него, реалниот број на заразени е над 10 милиони.
За задолжителна вакцинација против Ковид-19 министерот изјавил дека немало дискусија за такво нешто на владино ниво.