Пратениците во Црна Гора расправаат за смена на собранискиот спикер

Четвртата вонредна седница на Собранието на Црна Гора ќе се одржи денеска, на неа пратениците на предлог на опозицијата ќе одлучуваат за смена на претседателот на Собранието – Алекса Бечиќ.

Образложението за ова е дека Собранието за време на мандатот на Бечиќ не било место на суштински политички дијалог, поради што не успеало да исполни една од основните функции и да доведе до забрзување на европскиот пат на Црна Гора.

Пратениците од опозицијата го поднесоа предлогот.

Демократскиот фронт (ДФ) и Социјалистичката народна партија (СНП), кои потпишаа меморандум со Граѓанското движење УРА на Дритан Абазовиќ за формирање нова малцинска влада, соопштија дека нема да гласаат за отповикување на претседателот на Собранието.

Претседателот на Парламентот се разрешува со мнозинство од вкупниот број присутни пратеници.