„Во случај Киев да почне војна против Донбас, проруски сепаратистички регион во источна Украина, белоруската армија ќе дејствува на ист начин како и руската армија“. Ова го изјави претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко во интервју за руски медиум.
„Ако тие (Украина) почнат да се борат против нас или против Русија, тогаш и ние ќе се бориме, бранејќи се“ рече Лукашенко.
Запрашан да прецизира како белоруската армија ќе се однесува во случај на воена акција против Донбас, тој рече: „Исто како и руската“.
На прашањето против кого се насочени тековните воени вежби на Русија и Белорусија, Лукашенко одговори: „Ако треба, тогаш против Украина и против НАТО“.
Руски трупи почнаа да пристигнуваат во Белорусија кон средината на јануари за да учествуваат во проверка на силите за реакција во заедничка вежба што ќе трае од 10 до 20 февруари.