Доктор Лазаров: Да напраиме нешто, да не е само зборење!

„Многу повеќе може да се направи со донирани пари отколку акутни акции во очај кои чинат илјадници евра а накрај неретко трагично завршуваат и покрај се.

Мора да разбереме дека најчесто се тоа експериментални или третмани од хумани причини.

Ако организирано настапиме вонинстуционално, со една сметка и наменски и плански да се третираат во корен работи, со време да се започне, мноштво состојби ќе имаат подобар исход и многу повеќе луѓе ќе спасиме.

Сумите кои се донираа се сериозни, мислам дека не е лоша идеја таков солидарен здравствен фонд да се организира, каде ќе ослучува медицина а не политичка воља.

Да напраиме нешто, да не е само зборење“ стои во постот на социјалните мрежи на младиот доктор Ненад Лазаров.