Српската армија испрати барање до КФОР да ги заштити Србите на Косово

Началникот на Генералштабот на српските вооружени сили, генерал Милан Мојсиловиќ денеска изјави дека испратил барање до командата на КФОР да преземе итни мерки за заштита на српскиот народ и неговото право на опстанок.

„Согласно сите факти и поради коректната и професионална соработка што ја имаме, го информирав командантот на КФОР дека со голема вознемиреност ги следиме настаните и бараме да се преземат итни мерки за заштита на српскиот народ и неговото право на опстанок“, рече Мојсиловиќ на прес-конференција.

Тој додаде дека српската армија се подготвена да постапи во согласност со Уставот на Србија и Повелбата на ОН доколку добијат наредба од врховниот командант претседателот на Србија, Александар Вучиќ, целосно ќе ги извршат сите задачи во однос на севкупната безбедносна криза.

Според него, армијата на Србија ги исполнила сите меѓународно-правни обврски од резолуцијата 1244 на ОН, „но денес е јасно дека меѓународната заедница не ги исполнува своите обврски“.

Тој нагласи дека српските вооружени сили, во согласност со Уставот на Србија и Повелбата на ОН, ќе бидат подготвени во целост да ги исполнат сите свои задачи во однос на севкупната безбедносна криза, доколку добијат наредба од врховниот командант.