(Видео) Гаспар: Има пари за „Трикафта“, зошто си поигруваат со човечки судбини?
„Има пари за лекот „Трикафта”, зошто надлежните си поигруваат со човечките судбини?“, прашува Фики Гаспар, претседателот на Асоцијацијата за цистична фиброза во новото издание на Трилинг. Сепак, тој и покрај се е оптимист дека лекот „трикафта“ ќе стигне до сите пациенти.
Гаспар смета дека болните од цистична фиброза се втурнати во бирократско владини лавиринти, но дека се уште има надеж дека лекот може да пристигне до крајот на овој месец.
Ние се уште имаме надеж дека евентуално, сега, на крајот на месец јуни ќе добиеме официјални информација кога ќе се добие лекот „трикафта“ за останатите пациенти, во кој рок и како ќе се врши тоа добивање. Да не заборавиме дека имавме интервентен увоз и тоа трае само 1 година, тоа не е решение, започнува Гаспар.
Гаспар е еден од 12-те пациенти кои го примаат лекот и вели дека е задоволен од резултатите.
Лекот е феноменален јас можам да функционирам прилично нормално во текот на целиот ден, а не само 1-2 часа во денот, посочува Гаспар.
За секојдневието испреплетено со здравје и надеж, битката со здравствениот систем, но и со болестите Гаспар објаснува дека им оди навистина тешко.
На прашањето кој си поигрува со нас, јасно ми е дека оди многу тешко. Добивме позитивни сигнали од Министерството за финансии, тие кажаа дека имаат финансии да го покријат тоа. Чекаме да завршат трите месеци и да видиме дали ќе бидат соодветни истите решенија, вели Гаспар.
Претседателот на Асоцијацијата за цистична фиброза додава дека работите се движат позитивно.
Веќе ги движиме работите позитивно, правиме позитивен притисок да не останеме заглавени во бирократските лавиринти, рече Гаспар за Трилинг.
Тој по професија е психолог. Со него зборувавме и за психолошкиот елемент кај македонските политичари. Во продолжение може да го погледнете целото гостување.
По четири месеци од смртта на Благојче Илиевски, лекот „трикафта“ никако да се биде достапен за пошироката маса.