Камерон: Уште во понеделникот знаевме за експлозијата на подморницата Титан

Џејмс Камерон, директорот на Титаник и Аватар, еден од ретките кој успешно нурна на длабочина од 10.994 метри во Маријанскиот ров, како и во Титаник, во интервју за Си-Ен-Ен тврди дека знаел за експлозијата на Титан и смртта на пет лица во подморницата уште во понеделникот.

Камерон, кој поминал години дизајнирајќи и подготвувајќи ја подморницата што ја користел за да отиде до најдлабоката точка во океаните, вели дека претходно предупредил за опасностите поврзани со подморницата Оушн Гејт.

Искусниот филмаџија и истражувач не очекува намалување на интересот за вакви авантури, но очекува многу поголема сериозност и сигурност во иднина.