Во Киев издадено предупредување за воздушен напад

Во украинската престолнина Киев и во регионот на Киев денеска беше издадено предупредување за воздушен напад, откако воздухопловните сили на таа земја соопштија дека од Црното Море во правец на Киев биле лансирани неколку руски ракети „Калибр“.

Според „Ројтерс“, предупредувањето за воздушен напад било издадено на денот кога делегацијата на африканските земји предводена од јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоса пристигнала во Киев како дел од мировната мисија.

Рамафоса, заедно со лидерите на Сенегал, Замбија, Коморските Острови и Египет, денеска треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а утре треба да отпатува за Санкт Петербург, Русија, на разговори со рускиот претседател Владимир Путин.