Никола Јокиќ даде големо интервју за „NBA Today“ и во разговорот со Малика Ендрјус откри различни работи од плејофот, но и од својот живот.
Покрај смешните изјави дека „никогаш не треба да го потценувате дебелото момче“, како и тоа што го загуби трофејот за МВП на финалето, Јокиќ призна дека му олеснало сега кога целта е исполнета.
„Добро е. Се е добро кога целта е исполнета. Но, мислам дека има нешто во патувањето, губењето, размислувањето, стресот, преиспитувањето. Кога целта е исполнета, сега се е добро”, вели српскиот центар.
Тој даде интересен одговор на прашањето колку понатаму може да се усовршува.
„Мислам дека можам да бидам уште подобар, но морам да се жртвувам. Но, кошарката не ми е главна работа во животот, тоа е само нешто во што сум добар. Се работи за тимот. Ако сакав да играм индивидуално, би играл некој друг спорт“.
Тренерот на Денвер Нагетс, Мајк Мелоун, практично стана дел од неговото семејство.
„Мајк Мелоун е човек кој секогаш сака да се натпреварува, ако играш тенис со него, тој секогаш сака да те победи. Тој секогаш сака повеќе и затоа победивме“-
Тој го пофали и Џамал Мареј.
„Навистина верувам во овие момци. Мислам дека така се победува. Џамал Мареј беше повреден, мислеше дека ќе биде разменет. Играше лошо, беше под притисок од медиумите. На крајот им докажа на сите дека грешат. Но, не сите, но да може да го води тимот до шампионската титула“
На крајот тој беше прашан дали знае што го чека во Србија и каква прослава го очекува во татковината?
„Ќе видам, не знам. Не сакам ништо големо. Сакам само да се опуштам дома, да бидам со моите роднини и пријатели и да уживам во моментот”, изјави Никола Јокиќ.
“Basketball is not the main thing in my life. It’s something that I’m good at.”
Conversation with the Finals MVP, Nikola Jokic for NBA Today: pic.twitter.com/lB2I8bGzJ8
— Malika Andrews (@malika_andrews) June 15, 2023