Грција прогласи тридневна жалост по трагедијата со потонувањето на брод со мигранти во Јонското Море, соопшти кабинетот на грчкиот премиер.
Постојат стравувања дека бродската несреќа однела стотици животи. Грчката крајбрежна стража досега извлече 79 тела и спаси повеќе од 100 луѓе, но преживеаните велат дека на бродот имало до 750 луѓе.
Портпаролот на преодната влада на Грција изјави за државната телевизија дека властите не можат да ги потврдат извештаите дека меѓу 700 и 750 луѓе всушност биле на потонатиот рибарски брод, кој пловел од Либија кон Италија.