Основното јавно обвинителство Битола информира дека го примило извештајот за случајот со смртта на малата Јана.
-Основното јавно обвинителство Битола го прими извештајот од анализите за причинско-последична поврзаност меѓу смртта на девојчето и извршената интервенција што ги вршеше институтот за судска медицина. По разгледување, надлежниот јавен обвинител ќе донесе одлука за натамошниот тек на постапката, информираат од обвинителство, а пренесе Канал 5.