Ердоган: Шведска нема да добие одобрение за НАТО додека не ги спречи антитурските протести

Шведска не треба да очекува промена во ставот на Турција во однос на кандидатурата на Шведска за членство во НАТО на самитот на Алијансата следниот месец, освен ако не ги спречи антитурските протести во Стокхолм, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ова го изјави Ердоган во пресрет на денешните разговори со шведските власти во Анкара, наведувајќи дека таков став ќе изнесе и на тие средби, пренесе Ројтерс.

Во мај минатата година, Шведска и Финска поднесоа барања за членство во НАТО, а Турција постави како услов за ратификација на нивните барања во турскиот парламент тие две земји да ги екстрадираат осомничените за тероризам во Анкара.

Во меѓувреме, Финска стана членка на Алијансата во април, а барањето на Шведска се уште не е одобрено од Турција и Унгарија.