Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска ќе биде домаќин на претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар која вчера имаше средби со државниот врв во Македонија.
Од кабинетот на словенечката претседателка претходно соопштија дека посетата на Србија е продолжение на билатералните средби на највисоко политичко ниво, како и дека е посветена на разгледување на развојот на билатералните односи, пренесе словенечката агенција СТА.
Словенечкиот претседател и српските претставници ќе разговараат и за мултилатералната соработка, развојот на односите меѓу Европската унија и Србија, ситуацијата на Западен Балкан и актуелните регионални и глобални прашања.
Таа ќе биде почесен гостин на приемот во словенечката амбасада во Белград по повод Денот на државноста на Словенија.