Синоќа пратениците во црногорскиот Парламент и изгласаа недоверба на Владата на премиерот Здравко Кривокапиќ, на предлог на коалицијата „Црно на бело“ предводена од Дритан Абазовиќ. За недоверба на Владата гласаа 40 пратеници на опозицијата и четворица пратеници на коалицијата „Црно на бело“, а 11 беа против.
Во црногорскиот Парламент, кој има 81 пратеник, гласаа само 55.
На гласањето не присуствуваа пратениците на Демократскиот фронт, Социјалистичката народна партија и Движењето за промени. На изборите на 30. август Кривокапиќ ја предводеше листата која ги собра тие три партии.
Владата на премиерот Здравко Кривокапиќ беше формирана пред една година и два месеци, на 4. декември 2020 година.