Бугарскиот министер Шабев: Првиот лет Софија – Скопје ќе е на 11. февруари

Николај Шабев – бугарскиот министер за транспорт во изјава за БНТ рече дека првиот лет за Скопје ќе биде на 11. февруари, а редовните летови ќе започнат во март.

Заедно со Шабев во Скопје ќе дојдат и претставници на тур-оператори од Бугарија, кои ќе се сретнат со нивните македонски колеги. Заедно со двајцата ресорни министри на разговорите ќе учествуваат и најголемите инвеститори во областа на туризмот од Бугарија.

Тур-операторите од Бугарија и Северна Македонија ќе треба да договорат туристички пакети за посетите на туристите од двете земји да станат профитабилни и атрактивни.

Според Шабев, Бугарија сака да привлече два милиони туристи од Северна Македонија да ги посетат нејзините одморалишта.

Тој рече дека за рутата треба да има повластени давачки, кои ќе ги добива бугарската авиокомпанија која ќе ги извршува летовите.