Општина Аеродром донира 500 илјади денари за справување со последиците од невремето во Делчево

На предлог на претседателот на советот на Општина Аеродром Дејан Митески и советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Советот на општината денеска донесе одлука за донирање 500.000 денари од буџетот на општината, во насока на справување со последиците од невремето кое ги зафати неодамна Делчево и околината.

Аеродром е хумана општина и таа хуманост е потврдена досега во повеќе наврати. Помошта и поддршката во овој момент е важна за граѓаните на Делчево, а Општина Аеродром на ваков начин дава придонес кон санација на последиците и враќање на нормалното живеење во градот.
Упатуваме апел до сите поединци и организации да го следат овој пример и во рамки на своите можност да дадат материјална и техничка помош и поддршка за нашите сограѓани.