Неколку лица се повредени откако експлозивна направа беше фрлена во толпа од 500 луѓе собрани на погребот во југозападниот германски град Алтбах.
Полицијата, државното биро за криминалистичка истрага и канцеларијата на државниот јавен обвинител објавија детали за нападот во петокот вечерта.
Според полицијата, 23-годишен маж се приближил и фрлил непознат предмет во толпата.
Пет лица се полесно повредени и им е укажана помош во болница. Присутните го бркале осомничениот и до тој степен го претепале што тој бил пренесен во болница.