Казнети се 172 возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (09.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 172 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за непочитување на првенство на минување, четири санкции за непрописно престројување на возила…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.