(Видео) Ризаов: Изненадува понудата на Ковачевски за Мицкоски по лидерската средба

„Она што мене ме изненади е настапот на Ковачевски во лидерската средба, јас не очекував толку политички прагматизам и толку отстапки од самиот старт“, вели Ерол Ризаов, долгогодишен новинар и колумнист во гостување за новото издание на Трилинг.

Три дена по лидерската средба тој го коментира неговиот став, но сепак остава простор за понатамошно договарање, бидејќи како што вели, уште ништо не е договорено.

Да бидеме реални уште ништо не е договрено. Она што внесува оптимизам е фактот што навистина се одржа лидерската средба и обидот на главните протогоности на македонската политика да се ослободат од амбиентот кој го создадоа. Амбиентот беше многу неповолен на македонската сцена, започнува тој.

Според Ризаов и двете партии попуштиле, па го радува ваквата првична разврска на настаните.

Во овој дел имаме извесно попуштање и на ВМРО и на СДСМ, СДСМ се согласува и предлага веднаш нови парламентарни избори, а ВМРО-ДПМНЕ најави дека не се најголем проблем уставните проблем. Од тој апсект имаме еден чекор напред и мислам дека ретко кој очекуваше дека ќе има реално решение, продолжува тој.

На прашањето дали има победник по оваа средба, тој прогнозира епилог во кој најмногу би добил Мицкоски да се приклучи кон евроинтеграциите.

Она што мене ме радува е подготвеноста да се разговара и понатаму. До сега ставот на ВМРО беше многу ригиден и ВМРО одбегна да ја реализира евроатланската одредба. Кога се бавите со настани од современата историја мора да ги земете предвид околностите во кои се случувале, додаде тој.

Ризаов вели дека гледа добра позиција на Мицкоски непопуларните одлуки да ги препушти на власта.

Она што мене ме изненади е настапот на Ковачевски во лидерската средба, јас не очекував толку политички прагматизам и толку отстапки од самиот старт. Понудата од пет министерски места од нов состав на владата, дури и најавата на ДУИ за излез од владата, не знам какво е тоа барање некој да излезе од владата освен популизам, такви ултиматуми се за однеднаш да не се попушти.

На прашањето околу дијалогот и зошто поретко ги имало овие средби Ризаов вели дека мора да почне да се создава амбиент за почесто да ги има ваквите средби меѓу политичките партии.

За останатите прашања и целото интервју со Ризаов може да го погледнете видеото во продолжение.