Премиерот на Северна Ирска поднесе оставка поради последиците од Брегзит
Пол Гиван – премиерот на Северна Ирска поднесе оставка во знак на протест против трговските правила по Брегзит.
„Денеска е крајот на тоа што беше мојата животна привилегија“ рече Гиван.
Тој на оваа функција беше помалку од една година, пренесуваат британските медиуми.
Министерот за Северна Ирска во британската Влада, Брендон Луис, изјави дека одлуката на Гиван да поднесе оставка е „крајно разочарувачка“.