Најголемата дневна загуба во историјата на Волстрит, поврзана е со Фејсбук

Матичната компанија на Фејсбук – Мета вчера изгуби на вредноста за повеќе од 26 отсто бидејќи инвеститорите се разочарани од послабите од очекуваните деловни резултати и стагнацијата на бројот на корисници на оваа социјална мрежа. Тоа беше најлошиот ден на берзата за Фејсбук во неговата историја.

Пазарната вредност на оваа компанија падна за 200 милијарди долари, што е најголема дневна загуба досега забележана на Волстрит.

Под притисок се и акциите на другите социјални мрежи, па цената на Твитер падна за повеќе од 5 отсто, а на Снап за повеќе од 23 отсто.

Акциите на Алфабет и Мајкрософт паднаа за повеќе од 3 отсто, а на Амазон за речиси 8 отсто.

Првиот човек на Фејсбук – Марк Закерберг, имаше лош ден на берзата, вредноста на неговиот удел во компанијата опадна за повеќе од 30 милијарди долари.