Екс директорот на болницата во Тетово, Флорин Бесими, поранешниот економски директор на болницата Артан Етеми се огласени за виновни за пожарот во тетовската модуларна болница.
Според судијата Јордан Велковски, тие предизвикале опасност за животот на пациентите и нивните роднини кои биле во болницата во критичниот момент. Смртта на сите лица кои загинаа се од изгореници.
Директорите Бесими и Етеми се осудени на казна затвор од по една година и шест месеци, а им се изрекува условна осуда.
„Утврдената казна нема да се изврши ако во рок од три години не сторат ново кривично дело“, рече судијата.
Милион денари треба да плати тетовската болница.
Докторот Вучевски е ослободен од обвинение.
„Обвинетите, не поставиле пропишани уреди за заштита од пожар и со тоа предизвикале опасност за животот и телото за луѓето и пациентите болни со Ковид-19. Тие не постапиле според мерките и активностите од договорот за заем со Светска банка. Иако биле должни да имаат противпожарна опрема, на денот на пуштање во употреба на модуларната болница па се до настанување на пожарот немале соодветни уреди за заштита од пожар“, рече судијата во дел од образложението на пресудата.