Две лица загинаа кога утрово се урна мал авион во близина на регионалниот аеродром Тупело во Мисисипи, изјави шефот на противпожарната служба на Тупело, Мајкл Муди, за CBS News.
Идентитетите на загинатите не се објавени, ниту за каков тип на авион се работи.
Чарлс Џонсон, очевидец на несреќата, изјави за CBS News WCBI дека тој и неговата сопруга возеле по блискиот пат кога виделе пламен и црн чад околу авионот. Застанале, но не можеле да се доближат до авионот поради пламените јазици. Тој рече дека се е полно со урнатини.
За три минути на местото на настанот пристигнале пожарникари, итната помош и припадници на Националната гарда.
This is what a passing motorist saw this morning soon after the plane crashed at the Tupelo Regional Airport. https://t.co/qEAY7twdv3 pic.twitter.com/JpVfr51syR
— WTVA 9 News (@wtva9news) June 3, 2023