„Нема конфликт меѓу мене и Кирил Петков на темата за Република Северна Македонија“. Ова денеска го изјавил вицепремиерката Корнелија Нинова во одговор на новинарско прашање за време на прес-конференција за „Експо 2020 Дубаи“.
„Имаме коалициски договор на Владата. Тој го содржи нашиот заеднички став за РСМ и тој е дека актуелната влада на Кирил Петков го реафирмира сегашниот, а тоа е дека треба да се спроведе Договорот за добрососедство и соработка, да се спроведе Декларацијата од 44-от Собрание, да се запре говорот на омраза, да не се злоупотребува бугарската историја, да не биде на сметка на националниот бугарски интерес. Ова го пишува во договорот на бугарската влада, чиј дел сме и ние и го исполнуваме напишаното во документот“ – рече Нинова.
Таа додаде дека има надградба на ова со работни групи на различни теми, што според неа е добро.
„Продлабочување, проширување, поддршка на РСМ за влез во ЕУ – да, но на сметка на бугарската историја и националниот интерес – не“ – рече вицепремиерката во Бугарија.
Таа одби да коментира за односите меѓу премиерот и претседателот.