Вишиот суд во Белград му го продолжи притворот за уште 30 дена на таткото на момчето кое на 3 мај изврши масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“, во кое животите ги загубија десет лица, а шестмина беа ранети, јавуваат српските медиуми.
Притворот, како што се наведува е продолжен на предлог на обвинителството, поради посебни околности кои укажуваат на опасност обвинетиот моѓе да го повтори делото доколку се најде на слобода, соопштиле од судот.
„Со оглед дека постои основано сомневање дека обвинетиот сторил кривично дело за кое е пропишана казна затвор од над десет години, како и начинот на извршување и тежината на последиците од кривичното дело кои предизвикаа вознемиреност во јавноста може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка“ – се додава во образложенито на судот во врска со причините за продолжување на притворот.
За потсетување, обвинетиот В.К. беше уапсен откако неговиот син, кој, според законот, не може да одговара кривично бидејќи е малолетник кој не наполнил 14 години, извшри масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградската населба Врачар.
Истовремено во тек е и предистражна постапка против мајката на момчето која треба да утврди дали во нејзините дејствија има елемнти на кривичното тело запуштање и злоупотреба на дете, како и проверки во стрелачкиот клуб каде таткото и синот вежбале да стрелаат од огнено оружје.