Ковачевски и Мишел сепак ќе се сретнат утре, поради лични причини на претседателот на ЕС

Македонскиот премиер – Димитар Ковачевски требаше попладнево да се сретне со претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел, но средбата е одложена за утре во 9.30 часот, информираат од МИА.

Потврда дојде и од Европскиот Совет.

Средбата помеѓу премиерот Ковачевски и шефот на Европскиот Совет беше одложена поради лични причини на Мишел.

Ковачевски утре, исто така, има состанок со претседателката на Европската Комисија – Урсула фон дер Лајен, а вечерва тој ќе се сретне со претседателката на Европскиот Парламент – Роберта Мецола.