Во општините Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ ноќта помина мирно, а од утрово, седми ден од кризата во тие три општини на северот на Косово, граѓаните повторно се собираат барајќи повлекување на градоначалниците Албанци од општинските згради и повлекувањето на т.н Косовските специјални единици.
Вработените во привремената власт на општина Звечан и денеска се запишани во импровизиран список поставен на маса пред оградата што ја подигна КФОР, чии членови се на приодот до општинската зграда.
Од минатиот петок на вработените им е забрането да доаѓаат на работа во зградата на општина Звечан, каде се уште се наоѓаат специјалните единици, јавува Танјуг.
Помали групи граѓани во текот на ноќта имаа и во Звечан и Лепосавиќ.
КФОР се уште е распореден на главната раскрсница во Звечан, како и на останатите четири точки за да се спречи каква било провокација од страна на т.н. Косовските специјални сили.