Нов руски напад со дронови врз Киев

Противвоздушната одбрана на Киев собори повеќе од 40 беспилотни летала лансирани од Русија во главниот град во текот на ноќта на 28 мај.

Градската воена управа на Киев соопшти дека тоа е најголемиот напад со беспилотни летала врз градот од почетокот на руската инвазија, пишува Киев Индипендент.

Администрацијата на Телеграм напиша дека главно се работи за беспилотни летала Шахед од иранско производство и дека нападот се случил во неколку бранови.

Првите експлозии во главниот град беа пријавени по eден часот по полноќ по локално време.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, напиша на Телеграма по три часот по локално време дека противвоздушната одбрана на градот е повторно во акција за соборување на беспилотни летала над Киев.

Според локалните власти, едно лице загинало, а најмалку едно е повредено како последица на остатоците од соборените дронови.

Нападот со дрон е 14-ти масовен напад врз Киев од почетокот на овој месец.